Вкупните оперативни приходи за 2025 година на Аутомакедонија АД Скопје изнесувале 479,8 милиони денари, што претставува намалување од 28% во однос на 2024 година, кога изнесувале 666,1 милиони денари, соопшти Друштвото преку Македонската берза.
-Приходите од продажба за 2025 година изнесуваат 449,7 милиони денари, намалување од 31% во однос на претходната година и се остварени целосно на домашниот пазар.
Намалувањето на приходите од продажба се должи на два главни фактора: правното и оперативно издвојување на сервисните центри во нов правен субјект Аутомакедонија Сервис ДООЕЛ, што резултираше со трансфер на приходи од сервисни услуги од 90 милиони денари кон новоформираното друштво и отсуство на тендери за продажба на автобуси во 2025 година, што имаше значително влијание врз обемот на продажбата на автобуси во споредба со 2024 година, велат од таму.
Финансиските приходи се намалени за 78% и изнесуваат 4 милиони денари (претходна година: 18 милиони денари) како резултат на значително помали приходи од дивиденди од поврзани друштва, додека финансиските расходи се намалени за 28% и изнесуваат 6,3 милиони денари (претходна година: 8,7 милиони денари) како резултат на оптимизација на структурата на кредитите, намалување на просечната задолженост и трошоците за камати, посочуваат од таму
-Вкупните оперативни расходи за 2025 година изнесуваат 442,5 милиони денари, што претставува намалување од 31% во однос на 2024 година (645,6 милиони денари). Намалувањето на расходите е пропорционално на намалувањето на приходите, но со понизок интензитет, што резултира со подобрување на оперативната маржа.
Резултатот од горенаведените движења и соодветни намалувања кај оперативните расходи, резултира со оперативна добивка од 33,3 милиони денари (претходна година: 20,5 милиони денари), што претставува зголемување од 63%.
Аутомакедонија во периодот 01.01.2025 – 31.12.2025 година оствари позитивен финансиски резултат, односно нето добивка по оданочување во износ од 31 милиони денари, што претставува 7% зголемување во однос на истиот период 2024 година (29 милиони денари во 2024), велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Аутомакедонија ќе продава имот во Белград
Генералниот директор на Аутомакедонија, Илиевски, купи акции на компанијата
Скопско Груп од Кавадарци купила 5,1% од акциите на Аутомакедонија
Фото: Унсплеш














