Европа со драстичен раст на добивката лани

Вкупните оперативни приходи за 2025 година на Европа АД Скопје се намалени за 2,4% во однос на истите во 2024 година, соопшти Друштвото преку Македонската берза.

-Останатите приходи се намалени за 34,4%, а кај финансиските приходи намалувањето е за 2,6 % во однос на 2024 година. Ова намалување особено на опративните приходи во 2025 година се должи на примената на МСФИ -15 и доколку се прикажат исто како во 2024 година за споредба би имало раст од 2,6% на истите.

Вкупните расходите се намалени за 3,5% во однос минатата година најмногу заради примената на МСФИ-15 и покрај негативниот ефект од зголемувањето на трошоците за амортизација на средства под наем согласно примената на МСФИ -16. 

Оперативните расходи во 2025 година се намалени за 3,8%, а финансиските расходи се зголемени заради примента на МСФИ-16 кои заради усогласувањето согласно условите во договорите за наем на средствата со право на користење, генерираа финасиски трошок на име камата.

Европа за 2025 година оствари нето добивка во износ од 43.209.833 денари и е поголема во однос на претходната година за 126,4%. Зголемувањето на добивката за 2025 година е како резултат на намалување на вкупните расходи, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Европа со зголемена добивка во третиот квартал

Европа со намалена добивка во првото полугодие

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести