Автобусите за Задушница ќе возат по неделен возен ред

За Задушница, автобусите на ЈСП ќе возат според неделен возен ред, информираат од таму.

Денеска билетарниците и центрите за персонализација ќе работат со редовното работно време.

Утре, дежурна ќе биде билетарницата и центар за персонализација на Транспортен центар со работно време од 8 до 14 часот.

Жичницата ќе функционира вообичаено за време на викендот во сабота и недела, со работно време од 10-20 часот, при што од 19-19:30 е последното возење од долу кон врвот, а во 19:45 часот е последно возење од врвот надолу.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести