Азир Алиу е кандидат за нов министер за здравство

Како и што се шпекулираше извесно време, Азир Алиу е кандидат на коалицијата “Вреди“ за нов министер за здравство.

Алиу е поранешен министер за информатичко општество и администрација, а беше кадар на поделената Алијанса за Албанците од крилото на поранешниот министер за здравство Арбен Таравари.

По одлуката на Тарвари да излезе од Владата и коалицијата, тој го напушти.

За оваа одлука на коалицијата е информиран и премиерот Христијан Мицкоски.

Фото: Фејсбук/Алиу

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести