Азир Алиу избран за нов министер за здравство

Поранешниот министер за информатичко општество и администрација, Азир Алиу, денеска во македонското Собрание беше избран за нов министер за здравство.

За негов избор гласаа 65 пратеници, а „против“ беа 15.

Тој е предлог на владејачката коалиција „Вреди„ и доаѓа на местото на Арбен Тарвари, кој заедно со неговото крило во поделената Алијанса за Албанците ја напушти Владата и коалицијата „Вреди“ поради одлуката на престојните локални избори неговото крило да настапи самостојно.

Алиу е кадар на тоа крило, но одлучи да остане во коалицијата.

Тој е дипломиран електроинженер и доктор по информатички науки и е редовен професор на Факултетот за компјутерски науки и технологии при Универзитетот на ЈИЕ во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Азир Алиу ќе биде нов министер за здравство, Албрим Хоџа нов заменик министер за земјоделство

Фото: Алиу/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести