Од вечерва на полноќ за 0,50 денари се зголемува цената на Еуродизелот (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на дизелот ќе биде 68,50 денари за литар, а на Екстра лесното масло 68 денари за литар.
Се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС за 0,128 денари и сега ќе изнесува 38,393 денари за килограм.
Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.
Фото: Унсплеш