Каков имот пријавил Беким Поцеста, кој не е повеќе директор на Клиниката за кардиологија

Клиниката за кардиологија има нов директор – Даница Петкоска Спирова.

Таа доаѓа на местото на Беким Поцеста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Нови директори на клиниките за неврологија и кардиологија

Петкоска-Спирова од 2011 година е вработена во Клиниката за кардиологија.

Дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 2007 година.

Докторирала во областа на инвазивни техники за третман на каротидната артериска болест. 

еМагазин разгледа каков имот пријавил Поцеста до Антикорупциската комисија кога станал директор на Клиниката за кардиологија.

Каков имот пријавил

На свое име и на име на сопругата пријавил станови во скопски Чаир.

На име на родителите пак пријавил стан во Дебар.

Вози „опел“, а на име на сопругата пријавил две возила – „тојота“ и “форд“.

Има два кредити.

Си ја пријавил и платата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Фатмир Меџити, кој не е повеќе директор на Клиниката за неврологија

Нови директори добија и Токсикологија и Институтот за клиничка биохемија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести