Бектеши не потпишал ниту една лиценца за „Пулс“, тврди неговата одбрана

На денешното рочиште за трагедијата во Кочани, одбраната на поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, еден од двајцата обвинети поранешни министри за економија за пожарот во „Пулс“, меѓу друго кажа дека издадените лиценци за т.н. дискотека „Пулс“ за периодот што му се става на товар, од 2018 до 2022 година, се издадени со факсимил.

-Што значи дека не постои ниту еден потпис на лиценца од Крешник Бектеши, рече неговиот адвокат Еленко Миланов, посочувајќи дека овластувања за користење на факсимил се предвидени согласно законски одредби, во кои се посочени конкретни лица кои во одреден период имале овластување да го користат тој факсимил.

-Најмалку за една од овие лиценци ќе докажеме дека е издадена на датум кога Бектеши не се наоѓа во Македонија, но стои во ова обвинение со оваа правна квалификација како дел од каузалитет во однос на издадени лиценци, но без конкретни дејствија за такво нешто, рече тој, посочувајќи меѓу друго дека Министерството за економија нема ниту инспекциска служба, ниту овластувања за надзор.

-Одредбата од член 60 од Законот за угостителска дејност ги утврдува надлежностите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), што се истиот проверува. Па проверува дали угостителската дејност се врши во ноќен клуб кабаре без лиценца или спротивно на исполнетост на минимално техничките услови од член 6 од овој Закон, помеѓу другите обврски на ДПИ.

Ќе докажеме дека не постои ниту еден записник од ДПИ или која било друга инспекциска служба доставена до Министерството за економија во овој период на обвинение за Крешник Бектеши со укажување дека не се исполнети минимално техничките услови, кажа Миланов, нагласувајќи дека не постои законска обврска да се побара од ДПИ утврдување на минимум услови во моментот да издавање на лиценца.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Џеваир Камбери не примил поткуп, туку позајмица, кажа неговиот адвокат на судењето за трагедијата во Кочани

Лиценцата во 2012 била за друг објект, а не за „Пулс“, кажа одбраната на поранешниот министер Сараќини

Фото: Бектеши/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести