Од вечерва на полноќ цената на Еуродизелот (Д-Е V) се намалува за 2,50 денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 пак останува иста.
Со новата одлука дизелот ќе се продава за 70,50 денари за литар, бензиниот Еуросупер БС-95 и понатаму ќе се продава за 75 денари за литар, а Еуросупер БС-98 за 77 денари за литар.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) пак се намалува за 2 денари и сега ќе се продава за 67,50 денари.
Мазутот М-1 НС останува со непроменета цена и тој понтаму ќе се продава за 34,865 денари за килограм.
Фото: Унсплеш














