Бензините и дизелот од денеска со повисоки цени

Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98, како и на Еуродизел (Д-Е V) од денеска се повисоки за 1.50 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РЕК).

Цената на Еуросупер БС-95 е 75,50 денари по литар, на Еуросупер БС-98, 77,50 денари по литар, а на дизелот 71,50 денари по литар.

Се зголемува и цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 1,50 денари и сега се продава за 71 денари по литар.

Има зголемување и на цената на Мазутот М-1 НС за 1,063 денари и еден килограм сега чини 40,472 денари.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести