Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се зголемуваат за 1 денари, соопшти денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Цените пак на Еуродизелот Д-Е V и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1 денар.
За 0,533 денари се зголемува и цената на Мазутот М-1 НС.
Со новата одлука, Еуросупер БС – 95 ќе се продава за 75 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 77 денари за литар, а дизелот за 69,50 денари за литар.
Маслото за горење ќе се продава за 69,50 денари за литар, а мазутот за 39,945 денари за килограм.
Фото: Унсплеш