Бесплатните билети на ЈСП не важат за ноќните линии, а нема да може да се плаќа ниту со СМС порака

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје потсетува, дека согласно Одлуката за Интегриран тарифен систем во линискиот превоз на патници на територијата на Град Скопје од 2015 година (Член 10, алинеа 1) – билетите за бесплатно користење на јавен превоз, месечните, тримесечните, шестмесечните и годишните билети важат за сите линии (градски и приградски) во период од 05 до 24 часот- не важат за користење на ноќни линии.

„Воедно, Ве информираме дека почнувајќи од 31.01.26 (сабота на полноќ) / 01.02.26 (недела), нема да биде во функција плаќање на билет за едно возење преку бројот 185, со СМС порака за користење на ноќните линии.

Користењето на јавен превоз во ноќните линии од 00:00 до 05:00 часот важи со валидирање/купување на ноќен хартиен билет за едно возење кој чини 50 денари, исклучиво купен во возилото кај возачот и од електронски паричник преку валидаторот,“ велат од ЈСП.

Фото: ЈСП

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести