Агенцијата за обезбедување имот и лица Рубикон Секјурити Солушнс увоз-извоз ДООЕЛ Кисела Вода Скопје, која ја обезбедуваше т.н. дискотека во Кочани, каде во пожар загинаа 62 лица, а беа повредени 203 лица, остана без лиценца, потврдиле од Министерството за внатрешни работи за Слободен печат.
Како што е познато пред неколку денови беше уапсен вистинскиот сопственик на агенцијата, Александар Нацев, кој е новиот осомничен во истрагата за пожарот. Тој доби притвор од 30 дена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Александар Нацев, кој доби притвор за пожарот во Кочани
Кој е Александар Нацев, новиот осомничен за пожарот во Кочани
Фото: Игор Бансколиев