На 05.07.2025 година во 18.21 часот, во СВР Охрид е пријавено дека, во водите на Охридското езеро кај плажата од Извидничкиот центар во Охрид, било забележано безживотно машко тело, информираа од Министерството за внатрешни работи.
-Од извршениот увид, констатирано е дека се работи за лицето М.Ј. (70) од Скопје, а смрт без траги на насилство, констатирал лекар од Итната медицинска помош, информираа од таму.