Денеска на седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата беа утврдени предлозите за нов претседател, потпретседател и членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Опозициската СДСМ за претседател го предлага Бојан Маричиќ, кој е дипломиран правник и магистер по меѓународно и европско право и современи европски студии, кој е и поранешен вицепремиер за европски прашања, од Скопје.
За член пак го предлага Борис Кондарко, дипломиран правник со положен правосуден испит од Скопје, кој е актуелен претседател на ДИК.
Беса, која е дел од владејачката коалиција Вреди, за потпретседател го предлага Абдуш Демири, дипломиран економист и магистер по економски науки финансии од селото Непроштено, Општина Теарце.
Владејачката ВМРО-ДПМНЕ за членови ги предлага Александар Даштевски, дипломиран правник, поранешен претседател и актуелен член на ДИК, од Скопје, Ангелчо Ристов, дипломиран правник и магистер по административно право и јавна администрација, актуелен член на ДИК, од Делчево, и Светлана Карапетрова, дипломиран економист и магистер по економија, финасии, сметководство и ревизија, актуелен член на ДИК, од Тетово.
Опозициската ДУИ пак за член ја предлага Дитмире Шеху, дипломиран правник, поранеше потпретседател и актуелен член на ДИК, од Гостивар.
ДИК има седум членови, а предлозите треба да бидат изгласани во Собранието.
Фото: Маричиќ/Фејсбук














