Македонски државјанин загина во Бугарија откако 19-годишник со автомобил влета во тераса на ресторан полна со гости

Македонски државјанин загинал во Разград, Бугарија, откако 19-годишен возач влетал со автомобилот во тераса на преполн ресторан, пренесуваат бугарските медиуми.

Младиот возач со автомобил во сопственост на неговиот татко изгубил контрола врз возилото и удрил во гостите.

Помеѓу загинатите, освен македонскиот државјанин, се и двајца други мажи од Бугарија.

Првичните тестови покажале негативен резултат за присуство на алкохол и наркотици кај момчето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 58-годишна возраст е Македонецот кој загина во Бугарија откако автомобил влета во ресторан

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести