Поранешниот министер за здравство и надворешни работи, Бујар Османи и официјално е кандидат на ДУИ и коалицијата „Европски фронт“ за градоначалник во скопски Чаир.
Кандидат на ДУИ и коалицијата за Тетово пак ќе биде Бајрам Реџепи, кој е потпретседател на партијата.
Емир Сулејмани, кој претседател на општинската организација на ДУИ во Желино, ќе биде кандидат за градоначалник на Општина Желино.
Кандидатите за градоначалници од коалицијата за Гостивар, Врапчиште, Теарце и Сарај, пак треба да ги објави крилото на Арбен Тарвари во Алијансата за Албанците (АА), кое е дел од коалицијата, а за Струга, Арачиново и Дебар, крилото на Зијадин Села во АА.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фото: ДУИ