Категорија: Топ стории

48-годишен маж пронајден мртов на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје

Маж на возраст од 48 години вчера бил пронајден починат на улицата „Јордан Мијалков“ во Скопје. Станува збор за Љ.И. од Скопје. Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје, на неговото тело не биле забележани видливи траги на насилство. Неговото тело е дадено на обдукција. Фото: Унсплеш

Прочитај повеќе

Владимир Тренески именуван за член на УО на Стопанска банка Скопје

Од Стопанска банка АД Скопје преку Македонската берза информираа дека по добиената согласност од Народната банка, Владимир Тренески е именуван за генерален директор за корпоративно банкарство и член на Управниот одбор (УО) на Банката. Тој ќе има мандат од 1 година.  ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Стопанска банка Скопје со раст на добивката

Прочитај повеќе

Наум Јанакиев, член на НО на Реплек, купи акции на компанијата

Од Реплек АД Скопје преку Македонската берза информираа дека членот на Надзорниот одбор (НО) на компанијата, Наум Јанакиев купил нејзини акции. Тој за прв пат се стекнал со 50 акции.  ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Настел продаде нови акции во Реплек Реплек со раст на нето добивката од 77% во третиот квартал Владимир

Прочитај повеќе

Кој е Александар Јовановски, новиот градоначалник на Кичево

Едно од најголемите изненадувања на локалните избори беше победата на владејачката ВМРО-ДПМНЕ во Општина Кичево. Нов градоначалник стана Александар Јовановски, а партијата таму немаше градоначалник од 2009 година. Јовановски го победи кадарот на опозициската ДУИ, Фатмир Дехари, кој беше градоначалник во дури три мандати. еМагазин во серијал ќе Ви ги

Прочитај повеќе

Која е Bard-kop, која продолжува да купува акции на Гранит

Пред неколку денови српската компанија Bard-Kop ДОО Белград купи нови 2.700 акции издадени од македонската градежна компанија Гранит АД Скопје. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Српската Bard-Kop купи нови 2.700 акции на Гранит Сега таа поседува 5,61% од вкупниот број на акции со право на глас на Гранит. По неа акции купија и

Прочитај повеќе

Нов прв вицепремиер ќе биде Беким Сали

Поранешниот министер за здравство Беким Сали, кадар на коалицијата Вреди, ќе биде нов прв вицпремиер. Тој доаѓа на местото на Изет Меџити, кој стана градоначалник на Општина Чаир. Информацијата уште пред изборите ја соопшти самиот Меџити, а сега ја потврди и потпаролот на коалицијата Вреди, Дритон Сулејмани. Засега не е

Прочитај повеќе

Планинарскиот клуб „Љуботен“ слави 100 години со документарен филм – сведоштво за љубов, храброст и заедништво

Првпат македонската јавност ќе може да види филм за планинарски клуб – сторија за век љубов кон Шара, храброст и заедништво 100 години истрајност, љубов кон планината и заедништво – сега преточени во филм. Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово, најстариот планинарски клуб во Македонија, годинава одбележува еден век постоење со

Прочитај повеќе

Очувот ја силувал, а мајката иако знаела не го пријавила: Детали од Обвинителство за силување на 16-годишното девојче

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против двајца сопружници осомничени за продолжено кривично дело – Обљуба со злоупотреба на положбата од член 189 став 2 од Кривичниот законик, информираа од таму. -Осомничениот очув на жртвата подолг временски период ја злоупотребувал својата положба и го наведувал на

Прочитај повеќе

Шеста македонско-германска конференција за контролинг: Дигитализацијата и ВИ од корен ги менуваат финансиските процеси

Дигитализацијата и вештачката интелигенција (ВИ) отвораат сосема нови можности во финансискиот сектор, со оглед на тоа што податоците се достапни во реално време. Tрадиционалното планирање со менува од корен, но мора да се работи внимателно, бидејќи со новите технолошки можности доаѓаат и многу одговорности. Ова накратко беше заклучокот од 6.

Прочитај повеќе

Две лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајка на патот Прилеп-Росоман

Две лица загинаа, а петмина се повредени во тешка сообраќајна несреќа која попладнево се случи на патот Прилеп-Росоман. „Од несреќата пет лица се здобиле со повреди, од кои три се пренесени во болница во Прилеп, а две во болница во Кавадарци, а лекар констатирал смрт кај две лица,“ информираат од

Прочитај повеќе

Скијач од Данска повреден во лавина на Попова Шапка

24-годишен скијач од Данска вчера бил повреден откако го зафатила снежна лавина на Попова Шапка додека скијал, соопштија од Министерството за внатрешни работи. Специјализирана екипа со соодветно возило успеала да го лоцира и да го извлече од снегот. Акцијата завршила успешно во 16:10 часот, по што повредениот по укажаната прва

Прочитај повеќе

Средната возраст на населението во Македонија е 42,21 година

Според податоци на Еуростат за минатата година, средната возраст на населението во Македонија е 42,21 година. Во 2015 година пак средната возраст била 37,4. Од земјите од регионот помладо население од Македонија има само Црна Гора – 40,4 години. Во Албанија просекот е 44,3, во Србија – 45,4 години, во

Прочитај повеќе

На 2. јули во Арената „Борис Трајковски“: Дуран Дуран по вторпат во Македонија

Легендарниот британски бенд Дуран Дуран по вторпат ќе има концерт во Македонија. Во организација на „Авалон продукција“, бендот ќе настапи на 2. јули во Арената „Борис Трајковски“ во Скопје. Дуран Дуран го имаа првиот концерт во земјава на 7. јули 2012 година. Фото: Промо

Прочитај повеќе

Народниот правобранител отвори предмет за поплавата во Кичево

Народниот правобранител, постапувајќи по службена должност и во рамките на своите уставни и законски надлежности, отвори предмет во врска со сериозната состојба со поплавите на територијата на Општина Кичево, информираше Илбер Руфати, заменик-народен правобранител од подрачна канцеларија Кичево. „Според првичните податоци, врз основа на фотодокументација и информации добиени од граѓани,

Прочитај повеќе

„Приказната за Силјан“ со нови термини во Кинотека

На барање на публиката за документарниот филм „Приказната за Силјан”, во режија на Тамара Котевска, Кинотека отвора нови термини на проекции, информираа од таму. Новите термини се на 23 февруари, 25 февруари и на 26. март, сите проекции со почеток во 18 часот. Фото: Промо

Прочитај повеќе

ССМ ќе ја блокира Владата, денеска посебен сообраќаен режим во Скопје

Денеска со почеток од 11:00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе биде одржан протест пред Владата на булеварот „Илинден“ и булеварот „Свети Климент Охридски“ и доколку се појави потреба од пренасочување, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР). 

Прочитај повеќе
  • Најчитани вести

  • Најчитани вести