Цените на угостителските услуги за една година пораснале за 3,4 %

Цените на угостителските услуги во јануари 2026 година се зголемени за 0,2% во однос на претходниот месец, соопшти Државниот завод за статистика.

Истите во јануари 2026 година, во однос на истиот месец од претходната година, сe зголемени за 3,4%.

Цените на угостителските услуги во 2025 година, во однос на 2024 година, се зголемени за 4,8%. 

По групи, во јануари 2026 година во однос на декември 2025 година, цените се зголемени за 0,3% кај храната, а за 0,2% кај алкохолните пијалаци.

Во групите Безалкохолни пијалаци и Ноќевања не се забележани промени на цените.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести