Во скопски Центар продадена куќа за 1,1 милион евра, во Аеродром гаража за 30 илјади евра

Податоците на Регистарот за цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности, за првата половина од годината покажуваат дека најскапиот продаден стан во земјава е во скопската општина Центар.

Станот од 105 метри квадратни е продаден за 300 илјади евра. За метар квадратен за овој стан се платени 2.857 евра.

Во Центар е и најскапата продадена куќа за овој период. За 373 метри квадратни станбена површина и 1.357 метри квадратни земјиште се платени 1.150.000 евра.

И најскапо продадениот деловен простор за овој период е во Центар. За 3.131 метри квадратни се платени 6.800.000 евра. 

Во скопската општина Илинден е продаден пак најскапиот индустриски објект. Тој е продаден за 190.130.726 денари.

Во скопската општина Аеродром е најскапо продадената гаража. За 24 метри квадратни се платени 1.854.000 денари или 30,1 илјади евра, односно 77.250 денари за метар квадратен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Цената на становите во Охрид пораснала за 27%

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести