Денеска (12.02.2026) со почеток од 12.00 часот од страна на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) ќе биде одржан протест пред Стопанска комора на улицата „Димитрие Чуповски “ и улицата „Даме Груев“ и сообраќајот ќе биде пренасочен по околните сообраќајници, информираа од Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје.
Апелираме до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници,“ велат од МВР.
Фото: МВР














