Црна Гора застана на страната на Данска за Гренланд, за Македонија е нејасно кој подржува

Црна Гора застана на страната на Данска во врска со островот Гренланд, дел од Кралство Данска, откако САД отворено во неколку наврати покажа дека сака да го заземе.

Како што информираше на социјалните мрежи, црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ, земјата го почитува правото на гренландскиот народ на самоопределување и неговата одлука да биде дел од Данска.

Тој меѓу друго пишува и дека несогласувањето меѓу САД и земјите од Европската унија (ЕУ) околу Гренланд е еден од најголемите предизвици за НАТО од неговото основање, особено поради неговата внатрешна природа.

Црна Гора е членка на НАТО и најсериозен кандидат за нов член на ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е ставот на Македонија за Гренланд, кој САД сака да го преземе

Македонија пак засега нема јасен одговор дали ќе заземе страна во спорот. САД е стратешки партнер на земјава која сака да стане дел и од ЕУ, а неодамна министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, меѓу друго рече дека верува дека за спорот ќе се најде решение во согласнот со меѓународното право.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Венецуела има нафта, а што има Гренланд што му треба на САД?

Колку милијарди долари вреди Гренланд според проценката на САД

Како Гренланд стана дел од Данска

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести