Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска доби нов заменик-претседател.
На седница на Комисијата за таа функција беше избрана Цвета Ристовска.
Ристовска во Комисијата дојде од Државниот завод за ревизија (ДЗР), а еден од предметите кои ги водеше во Антикорупциска е тој за сертификатот за англиски јазик на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски.
На функцијата ќе стапи на 21. август, а доаѓа на местото на Билјана Каракашева Шулев.
Антикорупциска периодов е актуелна поради тоа што остана без претседател. Татјана Димитровска поднесе оставка откако од Основното јавно обвинителство беше обвинета за две кривични дела – оддавање службена тајна на поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ, кој е обвинет во „Адитив“, и за компјутерски фалсификат, бидејќи ревизор од ДЗР во нејзино име и го положил тест за сертификат за државна тајна.
Нов претседател на ДКСК ќе се бира по локалните избори.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавила претседателката на Антикорупциска, Димитровска, која е обвинета за „Адитив“
Претседателката на Антикорупциска, по оставката, се враќа во Државниот завод за ревизија