Да ѝ помогнеме на мајката чија 4-годишна ќерка беше претепана од таткото

На мајката од Драчево, чија 4-годишна ќерка беше претепана од таткото, и е потребна нашата помош.

Таа бара поддршка за подобрување на условите во домот и психосоцијална поддршка, по излез од семејно насилство.

Има три ќерки, Нина (9 години), Дијана (4 години) и најмалата, Ана Марија (3 години).

Вработена е во Црвен крст и сака на ќерките да им овозможи безбеден живот.

-Токму затоа, за да ги обезбедиме во ова премрежје, Ве повикувам да се сплотиме и да помогнеме на мајката конечно да ги спаси од хоророт во кој живеат.

Ве молам, кој колку може, од 100 до 6.000 денари, кој не може барем нека сподели, за светла иднина на овие деца!, стои во апелот за помош.

Како да помогнте ОВДЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поднесено обвинение за таткото од Драчево, кој ја претепа четиргодишната ќерка: Детали од Обвинителство

(Вознемирувачко) Објавено видео како таткото од Драчево ја тепа 4-годишната ќерка

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести