Миле Бежовски (50) од Охрид е самохран родител на две деца и се соочува со сериозно заболување на десниот бубрег. Поради значително намалена функција и постојани инфекции лекарите препорачуваат итна оперативна интервенција-отстранување на десниот бубрег.
Операцијата треба да се изврши во најкраток можен рок во Скопје и чини 364.760 денари – сума која тој не е во можност сам да ја обезбеди.
Сметката и бројот за донации се во прилог на апелот:

Фото: Унсплеш














