Танкер кој превезувал руска нафта бил нападнат на 30 километри од Босфорот, а властите се сомневаат дека нападот бил извршен со беспилотно водно пловило.
Турскиот министер за транспорт Абдулкадир Уралоглу изјави дека станува збор за брод под странско знаме, управуван од турска компанија, кој по полноќ пријавил експлозија во машинскиот простор, која не била случајна.
Нападот се случил со беспилотно водно пловило, а целта била машинскиот дел, за целосно онеспособување на танкерот.
Турските власти истражуваат кој стои зад овој напад.
Фото: eМагазин.мк














