Откако од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција побараа куќен притвор и мерки на претпазливост за судијата Ѓоко Ристов од Апелациониот суд Скопје, по пронаоѓањето на 350 илјади евра во домот на неговите родители, од Основниот кривичен суд информираа дека го добиле предлогот, но чекаат одговор од Судскиот совет, оти Ристов има судски имунитет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Според Законот за судовите, судија во Македонија не може да биде притворен без одобрување на Судскиот совет, освен ако е затечен во вршење кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од пет години.
За да оди во притвор Ристов и да му се одземе имунитетот, „за“ треба да гласаат седум членови од вкупно 13 кои имаат право на глас.
Судскиот совет за денеска закажа итна седница за да одлучува за притворот за Ристов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил судијата Ѓоко Ристов, во чиј дом се најдени 350.000 евра, скриени во ѕид
350.000 евра најдени во домот на судијата Ѓоко Ристов од скопска Апелација, биле скриени во ѕид














