Кој е Дејан Митески, новиот градоначалник на Аеродром

Досегашниот в.д. градоначалник Дејан Митески е новиот градоначалник на скопската општина Аеродром.

еМагазин во серијал ќе Ви ги престави новоизбраните градоначалници во поголемите општини, од кои дел се нови лица, а дел се реизбрани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Дејан Митески, новиот градоначалник на Аеродром

Кој е Митески

Роден е на 20.6.1987 година во Скопје.

Основно образование завршил во ОУ „Гоце Делчев“ во Општина Аеродром, а средно во „Васил Антевски-Дрен“.

Во 2009 година дипломирал на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Кирил и Методиј“, а во 2016 година се стекнал со магистерска диплома на Универзитетот „Американ колеџ“ во Скопје.

Во април 2018 година го положил и правосудниот испит.

Политичка кариера и работно искуство

Работел во повеќе државни институции, меѓу кои Министерството за транспорт и врски, Владината второстепена комисија од областа на имотноправни работи и градежно земјиште и во Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони како член на Управниот одбор.

Бил член и во Советодавниот комитет за земјишна политика како дел од проектот „Катастар на недвижности и регистрација“, како и член на Комисијата за организирање, спроведување обука и спроведување испит за стекнување овластување за располагање со градежно земјиште.

Митески е коавтор на Законот за градежно земјиште (2015 година) и коавтор на повеќе законски измени на Законот за просторно и урбанистичко планирање и Законот за градење, како и повеќе подзаконски акти што произлегуваат од овие два закона.

Во периодот од 2013 до 2017 година ја извршувал функцијата член на Советот на Општина Аеродром.

На локалните избори во 2021 година повторно стана член на Советот на Општина Аеродром, а на 1.11.2021 година е избран за претседател на Советот на Општина Аеродром.

На 15.7.2024 година беше избран за вршител на должноста градоначалник на Општина Аеродром.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Александар Јовановски, новиот градоначалник на Кичево

Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани

Кој е Дејан Проданоски, новиот градоначалник на Прилеп

Фото: Општина Аеродром

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести