На 14. мај, со почеток во 19:30 часот, во Сули Ан ќе биде отворена изложбата „Декада на трансформации“ на визуелниот уметник Бојан Ковски, со која се одбележуваат десет години од неговото творештво во областа на body art-от.
Изложбата претставува нова серија дела изработени во соработка со Бојан Стоилковски како партнер, видеограф и фотограф за изложбата, со поддршка во body paint процесот од Неслихан Сулејман.
Ковски инспириран од неговото децениско патување низ тело, боја, движење и време. Не како класична ретроспектива, туку како визуелна рефлексија на личен и уметнички процес во кој човечкото тело станува платно, кожата станува јазик, а уметноста се создава во жив дијалог со човекот.
„Доживејте ја трансформацијата“ е водечката мисла на оваа изложба-повик публиката да не биде само набљудувач, туку дел од искуството.
Пред десет години, Ковски го започна своето патување со body paint како истражување на изразот, идентитетот и постојаната еволуција. Она што започнало како љубопитност, со текот на времето прераснало во препознатлив уметнички јазик и авторски потпис кој го поместува body art-от од декоративното и перформативното кон простор на современа ликовна уметност.
Во рамки на изложбата, трансформацијата не е само тема — таа е суштина. Секој потег, секој концепт, секоја соработка и секое насликано тело стануваат дел од една поголема приказна за минливоста, убавината, ранливоста и моќта на уметноста да остави трага и тогаш кога нејзината форма е привремена.
Преку видео-инсталации, body art перформанс и атмосфера на маскенбал, „Декада на трансформации“ се поставува како едновечерно искуство во кое мистеријата, телото, музиката и визуелната уметност се среќаваат во еден внимателно режиран простор.
Зад проектот продукциски стои MAX Management Inc. со цел оваа вечер да биде целосно визуелно и емотивно искуство — во кое просторот, публиката, движењето, светлото и атмосферата се дел од истата трансформација.
„Декада на трансформации“ не е заклучок. Таа е праг — меѓу телото и платното, меѓу минливото и вечното, меѓу она што се мие од кожата и она што останува во погледот.
Изложбата е отворена за јавноста и сите се поканети.
Промотивна објава














