Денес започнува 15. јубилејно издание на музичкиот фестивал „Здраво млади“ во МКЦ

15. јубилејно издание на фестивалот на нова музика „Здраво млади“, ќе се одржи на 10 и 11. октомври 2025 во Малдинскиот Културен Центар (МКЦ) во Скопје.

„Првиот фестивалски ден е посветен на домашната млада алтернативна сцена, која ќе се реализира во соработка со Музичката младина на Македонија. Во рамките на овој проект, насловен „Imagine Macedonia” во кој МММ е партнер, e натпревар за млади музичари со авторска музика од сите жанрови, чија цел е здружување на млади луѓе од сите музички жанрови.

„Imagine Music Experience” годинава се одржува во 9 земји (Франција, Белгија, Норвешка, Шведска, Македонија, Унгарија, Холандија, Велика Британија и Зимбабве) и е програма отворена за музичари на возраст од 13 до 21 година.  Секоја година, победниците на националното финале од секоја од овие земји имаат шанса да настапуваат и да се натпреваруваат на меѓународното финале во Брисел, Белгија (11-15. декември) во салата на La Botanique.

Годинава Imagine Macedonia ќе се реализира во соработка со Малдинскиот Културен Центар во Скопје и фестивалот „Здраво Млади“  на кој ќе настапат следните млади музички состави: “LSD during war”, Големата вода, Мираж, “The Pot”, „Sunneater”, Корка, „Tsar Von Time” и „DENMV”,“ информираат од МКЦ.

Утре, 11. октомври, главната фестивалска вечер ќе ја отвори победникот од денешниот натпревар, Imagine Macedonia.

„Вечерта е поделена на три фестивалски бини: сала „25 Мај” (Денсинг сала), на која ќе настапат легендарниот белградски бенд „Repetitor”, митскиот либиски цар на „хабиби фанкот” – Ахмед Факрун, скопскиот состав „Pedro Horizonte”, хрватскиот алт-поп бенд во подем „Ki Klop”, и новите рокенрол ѕвезди на македонската сцена – Преку ред.

Втората фестивалска бина, лоцирана во Клубот МКЦ, оваа година се реализира во соработка со здружението на граѓани за промоција на женската активност „Tiiiit.Inc” од Скопје. Бината е посветена на фестивалот “Прво па женско” и во рамките на оваа програма, ќе настапат следните артисти: „Pocket palma”, „Suze od luka”, Katerinha, Gillespie, KEM, Lelee. Оваа програма, настанува како фузија на двата фестивали – „Здраво млади” и „Прво па женско”, кое годинава ќе го доживее своето 13 издание.

Фестивалот “Прво па женско” е единствен фестивал  во земјата посветен на феминистичката култура и активизам, кој промовира разновидни пристапи во промислувањето и репрезентацијата на родот во уметноста и критичките пракси. Програмата која ќе ја претстават во рамките на “Здраво Млади” e дел од есенското издание на „Прво па женско 13”. Благодарение на оваа соработка, дизајнот оваа година за фестивалот го изработи младата дизајнерка Ана Попоска,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести