Единствениот излез за евакуација во барот во Кран Монтана кој се запали, бил нефункционален и запечатен

Барот „Ле Констеласион“ во швајцарскиот ски центар Кран Монтана, кој се запали за време на новогодишната ноќ, имал еден означен итен излез за евакуација во подрумот, покажува истрагата.

Како што пренесуваат локалните медиуми тој бил нефункционален и запечатен, што го правело неупотреблив. Станува збор за сервисна врата која водела кон подрумски простории и скалиштето на зградата.

Па, единствениот можен пат за бегство бил тесното и стрмно скалиште кое води кон приземјето, а потоа излезот преку врата што се отворала навнатре, што е спротивно на основните безбедносни прописи.

Швајцарските медиуми објавија и дека вработен во барот уште пред неколку години предупредувал дека прскалките, кои го предизвикаа пожарот, ќе ја запалат пената на плафонот од барот, што на крај и случи.

Во пожарот загинаа 40 лица, меѓу кои и Македонец, а над 100 се повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Семејството на Стивен Ивановски, кој загина во пожарот во Кран-Монтана, се соочува со огромни трошоци, потребна е помош

Пет години немало инспекција во барот во Кран Монтана кој се запали

Вознемирувачка снимка од почетокот на пожарот во Кран-Монтана, кој потсетува на тој во Кочани

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести