Денеска и утре ќе има посебен сообраќаен режим во Скопје поради посета на претседателот на Словачка, Петер Пелегрини и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.
Посетата на Пелегрини започнува денеска и ќе заврши утре, а Фон дер Лајен, која е на турнеја по Западен Балкан, ќе престојува во Македонија утре.
-Од тие причини Секторот за внатрешни работи Скопје – Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на Град Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.