Деветмесечно бебе донесено починато во болницата во Велес

Бебе на возраст од девет месеци вчера наутро било донесено починато во болницата во Велес.

Како што информираа од Секторот за внатрешни работи (СВР) Велес, бебето е од велешкото село Сливник.

Од болницата информираа дека бебето од претходно имало здравствени проблеми, а според СВР Велес, лекар констатирал смрт без траги на насилство.

Телото на починатото бебе е дадено на обдукција.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести