Меѓу повредените над 200 лица во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани е и ќерката на новиот градоначалник на Општина Кочани, Владко Грозданов, Надалина Грозданов (19).
Таа за српски Курир за првпат проговор за пеколот кој го доживеала кобната ноќ.
Се лекуваше во Белград, Србија, а во „Пулс“ на концертот на ДНК отишла со пријатели.

Како што раскажува со пријателите била во третиот ред од сцената, а на почеток се било нормално.
-А потоа, за една минута, пламенот е насекаде, вели таа, посочувајќи дека нејзините пријатели успеале да излезат од единствениот излез, но не и таа.
-Почнува напад на паника, се онесвестив. Последната слика што ја имам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат. Кога се освестив, сè беше темно. Не бев ни свесна дека се случило нешто сериозно.
Можеби потсвесно се обидувам да избришам сè што сум видела, за да не се сеќавам на ништо. Кога ги отворив очите, знаев дека сум заглавена и дека морам да излезам. Хаос. Не знам ни како успеав, ако ми верувате. Тоа е виша сила, не е нешто што можете да го направите сами.
Се сеќавам дека поминав низ вратата, но она што беше околу мене – не. Сè е избришано, вели таа и посочува дека борбата е единствено нешто што им остана на тие што ја преживееа трагедијата и на тие што ги изгубија своите деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Владко Грозданов, новиот градоначалник на Кочани
Фото: Фејсбук/Грозданов/Општина Кочани














