Денеска Маја Лозановска, која се уште во Централниот регистар се води како директорка на средното училиште „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, даде изјава во ОВР Демир Хисар.
Познато е каде се печатите на училиштето, кои се потребни за нејзино разрешување и за поставување на функција на новата в.д. директорка на училиштето Јасмина Дамчевска, назначена од градоначалникот на Општината, Никола Најдовски. Дали ќе биде разрешена Лозановска засега не е јасно, бидејќи процедурата почната пред распишување на локалните избори, законски завршува по нивното распишување.
Како што пренесе телевизијата Телма, полицијата ќе ги одземе печатите од сефот во училиштето, по насока на јавен обвинител, и истите ќе ги предаде на Основното јавно обвинителство (ОЈО) Битола, кое треба да процени кога и на кого ќе ги врати.
„Извршија информативен разговор со директорката, беше укажано каде се печатите, беше консултирано и Обвинителството и по негова насока печатите ќе се предадат на службено лице. Потоа обвинителот ќе оцени на кого ќе ги предаде.
Маја Лозановска сè уште е запишана како директор во Централниот регистар. Се надеваме дека ОЈО ќе ги има предвид и околностите дека на 9. август се распишани избори“, изјави нејзиниот адвокатот Жаре Стевановски, пренесува Телма.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Училиштето во Демир Хисар има две директорки: Која е вистинската?
Фото: Телма