Од вечерва на полноќ цената на Еуродизел (Д-Е V) се зголемува за половина денар, а цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за 1,50 денари, одлучи денеска Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Со новата одлука цената на дизелот ќе биде 70 денари по литар, на бензинот Еуросупер БС-95, 74 денари по литар, а на бензинот Еуросупер БС-98, 76 денари по литар.
Цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), не се менува, и тоа и понатаму ќе се продава за 69,50 денари по литар.
Цената на Мазутот М-1 НС, се намалува за 0,174 денари и истото ќе се продава за 39,409 денари за килограм.
Фото: Унсплеш