Меѓу нив и Ѓорѓиевски, Арсовска, Костовски, Јорданов, Ќура: Кои старо-нови градоначалници не пријавиле имот

Дури 35 поранешни и 19 градоначалници кои се новоизбрани не ја испочитувале законската обврска во делот на нивната имотна состојба, информираа денеска од Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Тие, како и сите други функционери имаат законска обврска да достават изјава за имотна состојба и интереси до Антикорупциска, кога стапуваат на функција, во рок од 30 дена, но и кога истата ќе им заврши, за да јавноста има увид како функцијата влијаела на нивната имотна состојба.

Оваа се градоначалниците кои не го пријавиле имотот по завршување на нивната функција, а од кои дел се и повторно избрани: Данела Арсовска, Град Скопје, Тони Коњановски, Општина Битола, Бесник Емши, Боговиње, Дарко Костовски, Бутел, Андон Сарамандов, Гевгелија, Киро Нацков, Градско, Зоран Ногачески, Дебрца, Анго Ангов, Дојран, Урим Ибески, Долнени, Александар Стојкоски, Ѓорче Петров, Бљерим Сејди, Желино, Коста Маневски, Зелениково, Александар Георгиевски, Илинден, Митко Јанчев, Кавадарци, Стевчо Јакимовски, Карпош, Орце Ѓорѓиевски, Кисела Вода, Љупчо Папазов, Кочани, Тодорче Николовски, Кратово, Еркан Арифи, Липково, Димчо Атанасовски, Македонска Каменица, Горан Стојанов, Неготино, Стевче Стевановски, Новаци, Борче Митевски, Петровец, Александар Китански, Пехчево, Алија Јаоски, Пласница, Драган Анастасов, Пробиштип, Ацо Ристов, Радовиш, Борче Спасовски, Ранковце, Костадин Костадинов, Струмица, Азем Садики, Студеничани, Нухи Незири, Теарце, Горан Стојановски, Чашка, Сашко Комненовиќ, Чучер-Сандево, Иван Јорданов, Штип и Курто Дудуш, Шуто Оризари.

Градоначалници кои немаат поднесено изјава до Антикорупциска во рок од 30 денови откако стапиле на функцијата: Митко Костадиновски, Виница, Александар Јовановски, Кичево, Нико Чонески, Крушево, Менди Ќура, Струга, Курто Дудуш, Шуто Оризари, Орце Ѓорѓиевски, Град Скопје, Дарко Костовски, Бутел, Андон Сарамандов, Гевгелија, Александар Стојкоски, Ѓорче Петров, Бети Стаменкоска Трајкоска, Кисела Вода, Тодорче Николовски, Кратово, Стевче Стевановски, Новаци, Александар Китански, Пехчево, Јане Мицевски, Сопиште, Иван Јорданов, Штип, Даут Беќири, Арачиново, Блјерим Сејдиу, Желино, Еркан Арифи, Липково и Суат Шаќиров, Чашка.

За нив Антикорупциска ќе иницира постапки согласно закон, со издавање прекршочен платен налог.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Петар Јанков, новиот градоначалник на Струмица

Каков имот пријавил Орце Ѓорѓиевски, новиот градоначалник на Скопје

Каков имот пријавил Иван Јорданов, старо-новиот градоначалник на Штип

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести