До петок ќе се задржи стабилно и суво време со услови за појава на утринска магла по котлините, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
Температурите ќе бидат во постепен благ пораст.
Во деновите од викендот ќе има зголемена облачност со услови за слаби локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Дневната температура повторно ќе биде во опаѓање.












