До сабота времето ќе биде променливо облачно со пораст на дневната температура, информираа од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).
По одделни котлини ќе има појава на магла.
Од сабота кон крајот на денот се очекуваат локални врнежи од дожд, а на планините од снег.
Пообилни врнежи ќе има во недела во попладневните и ноќните часови, кога на повисоките места ќе преминуваат во снег.














