До вторник со температури над 40, ќе има и локално невреме

Управата за хидрометеоролошки работи (УМХР) информира дека до вторник ќе се задржи многу топло време со дневна температура наместа и над 40 степени.

Утре во попладневните и вечерните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и изолирана појава на град.

Локална појава на нестабилност ќе има и во првите два дена од следната недела кога ќе дува умерен, а во западните делови засилен северен ветер од југозападен правец.

Во Скопје, утре во попладневните и вечерните часови во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер во форма на краткотрајно невреме.

Во случај на појава на електрични празнења се препорачува поголема внимателност, да не се престојува на отворен простор и под осамени дрвја.

Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести