Наместо во Шутка, куќен притвор за момчето кое усмрти пешак кај „Жабар“ и побегна

25-годишното момче кое со мотор го усмрти 68-годишниот маж на пешачки премин во близина на „Жабар“, а потоа побегна, доби куќен притвор од Основниот кривичен суд Скопје, наместо затворски како што бараше Основното јавно обвинителство.

Од Обвинителството најавија дека ќе ја обжалат одлуката на Судот.

Во несреќата настрада Југослав Николовски, кој излегол од својата зграда за да фрли отпад, а беше прегазен веднаш под прозорецот на неговиот стан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Без возачка и претходно осудуван за други дела: Се бара притвор за 25-годишниот мотоциклист кој усмрти пешак кај „Жабар“

Уапсен 25-годишниот возач на мотор кој побегна откако усмрти пешак пред зграда кај „Жабар“

Фото/МВР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести