Докторката Катерина Паниќ Мирчовска е нов в.д. директор на Општа болница – Кочани.
Таа како што информираше на Фејсбук, директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски, се откажала од трансферот во ГОБ 8 септември во Скопје, за да им се посвети на повредените во пожарот.
И од страна на повредените Паниќ Мирчовска, која е хирург, беше побарано таа да остане во кочанската болница за време на нивната рехабилитација.
Клековски пишува дека ја запознал низ работата за повредените.
-Импресионира на прв впечаток. Полна со енергија, посветена, професионална, со големо срце, ги знае во детали сите најразлични потреби на повредените, пишува тој меѓудругото, посочувајќи дека таа е најдобар можен избор за водење на болницата во периодот на опоравување на повредените и ветува силно лидерство за болницата во овој критичен период.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Еден е во тешка состојба: 12 повредени во пожарот во Кочани се уште на болничко лекување
Фото: Клековски/Фејсбук