Скопското јавно претпријатие „Дрисла“ доби нов директор – Стевче Трпковски.
Тој е поранешен градоначалник на Општина Сопиште.
Како што информираа од Град Скопје, нов директор доби и јавното претпријатие „Градски паркинг“.
Истото ќе го води Владимир Кроневски, кој досега беше директор на Службен весник. Кроневски веќе работел во претпријатието како раководител на секторот паркиралишта и како помошник-директор.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ














