Владата донесе одлука да откупи околу 9.000 тони пченица и околу 2.400 тони ориз и оризова арпа од реколтата 2024 година за стоковите резерви.
„Секој индивидуален производител има право да конкурира со количина од 5 до 30 тона, а кај оризот и оризовата арпа од 3 до 20 или 30 тона.
Ова за првпат се прави посебно за оризот и мислам дека во многу нешта ќе ги олесни предизвиците на оризопроизводителите, но и оние коишто одгледуваат пченица,“ изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.