Двајца поранешни генерални директори на Пошта заработија кривични, го оштетиле буџетот за 32.546 евра

Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“, до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против В.С. и Б.А., поранешни генерални директори на АД Пошти на Северна Македонија во државна сопственост Скопје, информираа од Министерството за внатрешни работи.

-Според сознанијата од превземените опсежни истражни дејствија пријавените во текот на 2023 година пропуштиле должен надзор над работењето на своите подредени раководители на подружници во Друштвото, така што дозволиле да биде постапено спротивно на на член 40 став 6 од Законот за јавни набавки, а во врска со член 9, став 1, точка г од овој закон, каде е пропишано дека договорните органи од оваа секторска дејност смеат да извршат набавки без спроведена постапка за јавна набавка која не смее да ја надмине висината од 24.000 евра.

На тој начин тие практично овозможиле да бидат извршени набавки без спроведена постапка за јавна набавка во вкупен износ од 56.546 евра, што претставува надминување на предвидениот и дозволениот праг на извршени набавки, без спроведена постапка за јавни набавки, во вкупен износ од 32.546 евра. Сума за која што пријавените го оштетиле буџетот на АД Пошти на Северна Македонија, информираат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести