Две лица нападнале обезбедување во ГОБ „8 Септември“

На 23.07.2025 во 14.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода У.П. (44) и А.Б. (50), двајцата од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека во Градската општа болница „8 Септември“ – Скопје го нарушиле јавниот ред и мир со агресивно однесување кон вработените, при што А.Б. физички го нападнал И.И. (33) од селото Грчец, скопско, вработен како обезбедување во установата, информираа од полицијата.

По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.   

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести