65,7 милиони евра: Македонија доби најмногу пари од Планот за раст на ЕУ, Србија не доби ништо

Македонија од Европската комисија (ЕК) доби најмногу пари од Планот за раст на Западен Балкан на Европската унија (ЕУ) – 65,7 милиони евра.

Албанија доби 49 милиони евра, Црна Гора – 44,2 милиони евра, а Србија ништо.

Овие пари како што многу пати досега нагласија од ЕУ, земјите ги добиваат во зависност од тоа како ги спроведуваат реформите.

За Македонија, оценетите реформи се однесуваат на мерки поврзани со образованието и дигитализацијата.

Од нив 30,6 милиони евра ќе бидат префрлени директно во државниот буџет, а останатите ќе бидат ставени на располагање за инвестициски проекти преку Инвестициската рамка за Западен Балкан.

Планот за раст на Западен Балкан, кој е усвоен во 2023 година, има за цел да ги донесе придобивките од членството на земјите-партнери во регионот пред нивното пристапување кон ЕУ, да ги интегрира во единствениот пазар на ЕУ, да ја подобри регионалната економска соработка, да ги продлабочи реформите поврзани со ЕУ и да го зголеми претпристапното финансирање.

Македонија досега добила 142,1 милион евра, Албанија – 212,8 милиони евра, а Црна Гора – 89,3 милиони евра.

Фото: Игор Бансколиев

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести