(Видео) Албанец сакал да внесе половина милион евра скриени во бункер на минибус: Историска заплена на македонската Царина

Албански државјанин сакал да внесе половина милион евра во Македонија, скриени во бункер на минибус, информираа денеска од Царинската управа.

Девизите и возилото се трајно одземени, а за сторителот – Џ.Г., веќе е изречена судска пресуда од Основниот суд Куманово.

Заплената се случила на граничниот премин “Табановце“, а минибусот е сопственост на туристичка агенција од Албанија, со кој се превезувани седум патници.

Парите биле откриени по скенирање на возилото, а биле во 14 проѕирни ќеси.

Запленетите пари се предадени на Агенцијата за одземен имот, од каде се депонирани во Народната банка.

Станува збор за најголема заплена на пари досега.

Фото: Унсплеш/видео: Царинска управа

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

  • Најчитани вести

  • Најчитани вести