Од Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) вчера информираа дека дури 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ги дале законските информации за нивната имотна состојба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дел од нив не пријавиле каков имот поседуваат откако им завршила функцијата, а дел воопшто не ни пријавиле што поседуваат откако за првпат стапиле на државна функција.
Пријавувањето на имотната состојба по завршување на функцијата е важно, како и пријавувањето на имот за првпат. Со овие законски обврски граѓаните имаат можност меѓу друго да видат дали некој функционер благодарение на функцијата го зголемил имотот.
Но, досегашното искуство покажува дека на не мал број функционери повеќе им одговара да платат парична казна, откако вистински да го пријават имотот кој го поседуваат тие или нивните семејства.
еМагазин е препознатлив по континураното објавување на имотната состојба на функционерите, а изминативе години разгледувајќи ги анкетните листови доставени до Антикорупциска, меѓу друго констатиравме дека еден куп функционери не пријавуваат каков имот поседувале кога им завршила функцијата.
Голем број функционери често го употребуваат зборот транспаретност, ама не се транспаретни кога станува збор за нивниот имот.
Во нивните анкетните листови не ретко забележуваме нелогичности, некој не ни пријавиле недвижен имот, што секако се коси со логика, меѓу кои и високи функционери, а некои пак не го пријавиле целиот имот, па не ретко се случува за истиот да дознаеме откако ќе го откријат новинарите.
Фото: Унсплеш














