Европската унија (ЕУ) повторно ги одложи новите правила за влез во земјите на Унијата за април следната година, а истите се однесуваат и на македонските граѓани, информираше вчера вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски.
Станува збор за новите европски протоколи за контролa на патниците – системот за влез/излез (EES), кој требаше да стартува од октомври годинава и патната авторизација – ETIAS, чија имплементација требаше да следи во наредните месеци.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
За влез во ЕУ наместо 7, ќе се плаќа по 20 евра
EES требаше да стартува на 12. октомври и во рок од шест месеци да се имплементира во 29 европски земји – 25 членки на ЕУ што се дел од Шенген, плус Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Сега од 10. април 2026 година се планира целосна имплементација на овој систем, по што деновите на престој ќе се пресметуваат електронски при секое преминување на граница, наместо со физички печати во пасошите.
За ETIAS, ЕУ сè уште нема објавено точен датум.
За патниците, ова практично значи дека до стартот на EES постапките остануваат исти. По воведувањето, на граничните премини ќе се вршат биометриски и дигитални проверки и автоматска евиденција на влезови и излезови, што треба да ја зголеми безбедноста и прецизноста на пресметката на дозволениот престој.
За ETIAS, пак, ќе биде потребна онлајн пријава и уплата од 20 евра.
Фото: Влада
.